Тажно и сино – Денеска е најдепресивниот ден во годината

Тажниот или „син“ трет понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината … Ова не се заснова на научни факти, но сепак, многумина чувствуваат емоционални тешкотии и предизвици во зимскиот ден кога температурите сè уште се ниски, деновите се сè уште куси, а празниците се зад нас.

Теоријата за „тажниот син понеделник“ е поставена 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште при Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу коишто и временските услови, долговите, времето по Божиќ и мотивацијата. Формулата на Арнал гласи: [V + (D – d)] k TK / M k Na. Притоа, V означува време, D – долгови, d – месечна плата, T е за дните минати од Божиќ, K – денот кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M е за нивото на мотивација и N е „параметарот“ за чувството дека треба да направиме нешто.

– Прво ме замолија да смислам ден кој според мене е најдобар за да резервирам летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите за резервирање одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе за време на работата и предавањата, сите овие фактори укажаа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен, рече во една прилика д-р Дин Бурнет за „Дејли телеграф“ говорејќи за „тажниот понеделник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e