Доколку планирате патување, проверете колку ќе ве чини престојот, бидејќи нова студија од американска финансиска компанија открива драстични разлики во цените низ целиот свет. Исланд се покажа како најскапа туристичка дестинација, каде што просечната дневна цена за сместување, превоз и оброци изнесува околу 344,82 евра. Стапката на инфлација од 5,5 проценти, исто така, придонесува за ова- пишува Каматица.
„Флуктуациите на валутата можат значително да ја променат цената на патувањето, дури и во земји со стабилни локални цени. Иако дневните трошоци обично доминираат во перцепциите за прифатливост, промените на девизниот курс можат тивко да влијаат на буџетот за одмор на американските туристи. Во 2025 година, патниците кои ги занемаруваат валутните трендови би можеле да имаат поскапо лето од очекуваното“, велат експертите.
Веднаш зад Исланд, Австралија беше рангирана како втора најскапа дестинација, со просечни дневни трошоци од приближно 241,38 евра, иако инфлацијата таму е значително пониска, само 2,4 проценти. Мексико го достигна третото место поради наглиот раст на мексиканското песо, пишува „Пословни дневник“.
Популарните европски дестинации како што се Велика Британија, Германија и Италија се чини дека се попристапни благодарение на поволниот девизен курс на еврото во однос на доларот, но се предупредува дека секојдневните трошоци за туристички услуги во овие земји остануваат високи.
Од друга страна, за оние кои бараат попристапни опции, студијата го истакнува Тајланд како најевтина туристичка дестинација, каде што се трошат просечно 70,58 евра дневно. Сепак, најпристапна земја за патниците е Индонезија, каде што туристите трошат уште помалку – околу 60,54 евра дневно, и покрај тоа што инфлацијата достигна речиси два проценти.