Српски инфлуенсер бара од неговите следбеници да му платат по едно евро за да купи стан

Српскиот инфлуенсер Владимир Звекиќ, попознат на Инстаграм под прекарот „Veseleen“, отворил сметка на PayPal и Patreon и ги повикал своите следбеници да му платат по едно евро за да купи стан.
Звекиќ на својот Инстаграм профил им објаснил на своите следбеници дека го нашол станот од соништата, но дека нема доволно пари за него и дека дошол на идеја да побара од нив да платат по едно евро, што би го олеснило процесот на купување.

„Ух, што да кажам, каква порака да испратам. До оние кои не веруваат во исконска добрина. Пријатели, ако ова навистина функционира, ве поканувам сите на забава за вселување и правење циркус. Го демолираме станот. Не знаете ни половина од тоа низ што имам поминато во мојот живот и како живеев“, напишал тој на Инстаграм-стори, заблагодарувајќи им се на оние кои донирале пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e