Сопругот на Селма Хаек ќе донира 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

Францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, сопруг на актерката Селма Хаек, ветил 100 милиони евра за помош на Нотр Дам, која беше зафатена од ужасен пожар

Семејството Пино, вклучувајќи го и сопругот на Селма, ветило 100 милиони евра за обнова на познатата Богородична црква.

Понудата на милијардерот, кој е косопственик на „Гучи“ и „Ив Сен Лорен“, се случила само неколку часа откако францускиот претседател Емануел Макрон покренал меѓународно собирање средства и ветил дека катедралата ќе биде обновена.

„Јас и татко ми одлучивме да издвоиме 100 милиони евра за да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам“, соопштил Пино.

Пино е главниот човек на компанијата „Керинг“, која е сопственик на познатите брендови, меѓу кои се „Гучи“ и „Сен Лорен“, и е претседател на компанијата што ја поседува познатата аукциска куќа „Кристис“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e