Скопјанецот Сашко Дамјановски кој од неодамна е во Малта за сите граѓани објаснува како полесно може да се најде работа во оваа земја и кои се условите.
Се бараат рецепционери, собарки, луѓе за работа во градежништво, угостителство, хигиеничари, а поретко има понуди за работа во фабрика. Вели дека во поголемите градови има повеќе потреба од работници, но таму и трошоците за живот се поголеми. Инаку минималната сума за час работа е 4.25 евра, во градежништво 6 евра, за оние со ЕУ пасош ги плаќаат и по 9 или 10 евра од час. Тој работи како обезбедување во елитен клуб и е задоволен.
Според него, најлесниот пат до работа е да се аплицира преку тамошните агенции за работа.
„Најлесен начин да се најде работа на Малта е да се аплицира преку овдешните агенции за работа, а за да се аплицира треба да ги направите следните чекори: поради се построги контроли на Малта треба да си резервирате повратен билет нормално, а за краток временски период треба да имате резервирано хостел или апартман или да најдете познаник кој има малтешка лична карта и ќе каже дека ви е роднина и дека одите кај него во посета.
При тоа мора да имате доволно финансиски средства и да покажете затоа што при влез во Малта бараат по 50 евра од ден. Откако ќе влезете во Малта имате две варијатни, да ризикувате да работите на црно или да аплицирате преку агенција“ – вели Дамјановски.
Додава дека за да аплицирате мора да најдете стан кој во овој период ќе ве чини над 700 евра, потоа да оставите депозит околу 700 евра и за агентот да платите уште 400 евра.
„Тоа искрено е најтешко, меѓутоа мора затоа што за да се аплицира за работа е потребен договор за стан за една година. Исто така треба да подготвите EUROPAS CV каде ќе имате препорака од некоја легална фирма од Македонија со посебен RECOMENDER или препорака каде ќе има дека вие сте работеле најмалку три години во истата фирма. Ова се меѓу другото најважните документи за кои луѓето кои доаѓаат не се информирани“ – објаснува скопјанецот.