Белгиската манекенка, која минатата година била уапсена во Египет поради голотија, предизвикала контроверзи по фотографирањето во Турција, каде во Аја Софија ја кренала бурката и го покажала голото меѓуножје.
Мариса Папен го навлекла бесот на верниците на себе и во Турција, а на удар била и по скандалозното фотографирање пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.
“За разлика од Египет, овој пат немавме вистински план. Дојдовме без никакви подготовки, само со бескрајна имагинација”, рекла Мариса.
Таа, како и во Египет, позирала за фотографот Јеси Волкер.