Сите зборуваат за некаква нуклеарна апокалипса ако завојуваат САД и Русија: Еве што би се случило ден потоа

Деновиве во светот најактуелна е темата за евентуалната војна која што би можела да избие помеѓу САД и Русија, доколку ситуацијата во сирискиот град Алепо ескалира.

Кога би се случило едно такво сценарио, јасно е дека двете најголеми нуклеарни сили лесно би го распарчиле светот.

Што точно би се случило со планетата Земја и нејзините жители во едно сценарио на нуклеарна војна, анализираа научниците, откривајќи некои очекувани последици во првите пет години после катастрофата во која се претпоставува дека би експлодирале над 100 нуклеарни боеви глави, а секоја од нив би била со подеднаква моќ со бомбата која што експлодираше во Хирошима кон крајот на Втората светска војна.

Во атмосферата би имало околу пет милиони црн јаглеород кој е производ на гореењето. Пред тој повторно да падне на тлото, ќе ја апсорбира сончевата топлина и на Земјата ќе се врати низ таканаречениот нуклеарен дожд.


За само една година температурата на планетата би паднала за околу 17 Целзиусови степени, а вкупно за пет години Земјата би била постудена за 15 степени од тоа што е денес. Дури после 20 години повторно би започнала да се загрева и да ги постига просечните температури како оние пред нуклеарната катастрофа.

Во временскиот период од две до шест години после војната би било уништено околу 40 процети од вегетацијата на нашата планета Земја.

Озонската обвивка околу планетата буквално би била „изедена“ од хемиските реакции. Така, Земјата би останала без заштита од УВ зрачењето што би резултирало со „изгореници“, палење на некои растенија и слично. После пет години озонската обвивка конечно малку би се опоравила и би била за 25% потенка од денес, а десет години подоцна би била само 8% потенка од тоа што е денес.


Со слабеењето на озонската обвивка би се зголемиле случаевите на заболувања од рак, а многу растенија би биле уништени, како на пример пченката. На светот тогаш би имало над две милијади гладни луѓе кои што би умирале секојдневно.

Падот на просечната температура ќе ги намали дождовите и за пет години после војната би имало 10% помалку дождови што секако, ќе доведе до многу суши ширум Земјата. Последиците од контаминираната вода и нејзината достапност се непредвидливи, односно се предвидува дека 35% од населението ќе остане без вода за пиење.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e