Честопати се случува купениот производ да не ги исполнува нашите очекувања но и во моментот на купување да ни изгледа дека производот ќе ја задоволи нашата потреба, нашиот вкус, (особено кога е во прашање облеката) а подоцна да се предомислиме и производите безполезно да ни стојат по нашите ормани или подруми. Сепак, без разлика дали станува збор за облека, бела техника, мебел и слично, производите може да се вратат на продавачот во законски предвиден рок од 15 дена од датумот на купување. За овие услови и за условите за кои нема да можете да вратите некој производ, за законските процедури и слично погледнете го видеото на Мартина Грнчаровска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.