Што всушност подразбира осигурување од авто – одговорност, за кое задолжително плаќате при регистрацијата

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да го регистрирате возилото и да се вклучите во сообраќајниот метеж.

Износот на годишната премија за осигурување од автомобилска одговорност зависи од видот на моторното возило.
На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта итн.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која осигурителна компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Полисата за авто-одоговорност може да се дополни со:

•Осигурување од стакла;
•Осигурување на возачи-сопатници.

Извор: Банкарство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e