Што е таурин, има ли врска со тестиси на бик и зошто го има во енергетските пијалоци?

АКо сте љубител на енергетски пијалоци, сигурно сте слушнале за таурин. Покрај кофеинот и витамините, многу енергетски пијалоци ја содржат оваа аминокиселина. Но, што точно е таурин и колку е безбедно да се консумира?

Што е таурин?

Можеби сте слушнале за таурин поради интересните гласини за тоа од каде го добива Ред Бул, но оваа компанија потврди дека нивниот таурин нема никаква врска со биковите и нивните тестиси. Тоа е аминокиселина која учествува во бројни процеси во клетките на телото, како што се производство на енергија, обработка на жолчката и регулирање на балансот на течности.

Некои истражувања сугерираат дека тауринот може да биде добар за срцето, но повеќето научници веруваат дека првенствено помага во одржување на енергијата во нашите клетки. Во човечкото тело, природно се наоѓа во очите, мозокот и срцето, а високо ниво на таурин може да се најде во храна богата со протеини, како што се месото и морските плодови.

Таурин во енергетските пијалоци

Но, зошто тауринот се користи во енергетските пијалоци? Една студија од 2018 година за таурин како терапевтски агенс ги истакна неговите многубројни функции како причина за неговата употреба во енергетските пијалоци, додатоците во исхраната и формулата за доенчиња.

Според таа студија, тауринот може да ја намали активноста на невротрансмитерските рецептори, што може да предизвика смирувачки ефект. Ова може да биде корисно кога се консумираат енергетски пијалоци кои содржат стимуланси како што се кофеин и високи дози на витамини Б.

Несакани ефекти на таурин

Тауринот е релативно безбеден дури и во високи дози и е растворлив во вода, па затоа не се задржува долго во телото. Научниците денес не се особено загрижени за безбедноста на тауринот што се користи во енергетските пијалоци, бидејќи производителите мора да ги следат упатствата за максималните дози.

Иако тауринот во енергетските пијалоци веројатно нема да предизвика проблеми, клиниката Мајо забележува дека другите состојки, како што се кофеинот, шеќерот и растителните екстракти, може да бидат проблематични. Затоа, не е секогаш целосно јасно колку енергетските пијалоци се безбедни за консумирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e