Што да провериш кога купуваш половен автомобил?

Купувањето на половен автомобил е обврска од која на многумина им се крева косата на главата и на која пристапуваат со логичен страв дека може да се случи да ги дадат парите за автомобил кој нема да е она за што платиле.

Иако најверојатно имаш пријател кој можеш да го викнеш да ја изврши инспекцијата на половниот автомобил за тебе, сепак многу е важно и ти да се чувствуваш добро околу направениот избор, бидејќи во купениот автомобил на крајот ќе седнеш токму ти.

Од таа причина, Мој Пријател направи листа на проверки кои лесно можеш да ги спроведеш и сам на половниот автомобил.

Каросерија
Побарај пукнатини на шофершајбната (и најмалата пукнатина може мошне брзо целосно да се прошири)
Провери дали бојата на различните деловите од каросеријата е иста (различната боја може да значи дека некој дел не е од оригиналната каросерија и е променет поради судар)
Следи ги линиите од багажникот кон предницата и види дали се прекршени (исто така индикатор на изместување од судар)
Провери ја каросеријата за гребнатинки и рѓосани места (овие места се брзо подложни на скапување)
Провери дали светлата и бришачите се целосно исправни (секој дополнителен трошок по купувањето ја зголемува набавната цена на возилото)
Гуми
Провери дали сите 4 гуми се исти тип
Провери дали на нив постојат исекотини, пукнатини или крпени места
Провери дали сите гуми се исто потрошени (нееднаквоста може да укажува на проблеми со балансот и суспензијата)
Провери ја состојбата на резервната гума и алатот за менување гуми
Мотор
Провери дали има траги од истечено масло или други течности
Провери дали има траги од корозија на акумулаторот
Провери со стапчето за мерење на масло дали има траги од темно, црно масло
Провери дали при работа на моторот има чудни миризби на изгорено или слично
Види дали од ауспухот излегува син или црн чад (ова е индикатор на несоодветно согоровуање на бензинот или маслото)
Суспензија
Провери дали возилото во мирување стои рамно
Провери дали ако притиснете на аглите на возилото над гумите се слуша шкрипење
Провери дали сите агли при натискање реагираат исто
Внатрешност
Провери дали седиштата имаат пукнатини или се искинати на некое место
Провери дали седиштата без проблем се подесуваат и поместуваат
Провери дали сите врати и прозорци се отвораат и затвораат без проблем
Провери дали багажникот се отвора и затвора без проблем
Провери дали сите функционалности и команди работат (трепкачи, бришачи, вентилација, сигнализација, радио и сл.)
Дали има предупредувачки знаци на шалт-таблата или борд-компјутерот
Дали работат бришачите и дали течноста се дисперзира нормално при прскање
Дали сите седишта имаат функционални појаси за врзување
Дали работи внатрешното светло
Трансмисија
Доколку трансмисијата е автоматска увери се дека при возење нема доцнење во трансмисијата
Доколку трансмисијата е мануелна увери се дека менувачот влегува во секоја брзина без проблем и дека не прави звуци на чкрипење кога се уфрла во рикверц
Сопирачки
Дали возилото при кочење треба да го задржи правецот и да не завлече на една страна
Дали рачната сопирачка се подига и спушта без проблем и е функционална
Управување
Возилото не завлекува на една страна без да го насочувате
Возилото е стабилно и нема знаци на тресење или вибрации
Нема отпор на воланот кога пробуваш да свртиш
Нема тропање или гребење кога вртиш
Останати работи на кои треба да обрнеш внимание
Побарај увид во сервисна книшка или записи за редовен сервис и поправки
Не брзај со проверката и не дозволувај сопственикот да те брза, во спротивно замини си
Ако си задоволен и подготвен да го купиш автомобилот, сепак направи и проверка на автомобилот во сервис или со помош на стручно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e