Шокантно сведоштво: „Маж ми ги фрли нашите мали деца низ прозор, гола истрчав надвор и ги најдов во локви крв“

Катица Роџак, мајка на четирите деца кои сопругот Јосип ги фрлил низ прозорецот од прв спрат на куќата, рекла дека двете деца се добри, додека другите две се во критична состојба.

Таткото ги фрлил децата од прозор, на височина од шест метри. Тие биле на возраст од три, пет, седум и осум години, пишува „Индекс“.

-Седумгодишото девојче е најтешко повредено и се наоѓа во тешка здраствена состојба, со тешки повреди на главата. Бев во куќата кога ги фрли децата од прозорецот. Ме разбуди во 6 наутро, ме праша дали спијам јас реков не. Не сфатив дека ми ги однел децата. Кога видов дека ја носи најстарата ќерка, мислев дека оди накај дневната, а тој ја фрли долу на бетон, тогаш сфатив, рекла вознемирена мајката.

„Веднаш истрчав долу, бев гола, по гаќи, го видов детето во локва крв“ рекал таа.

Соседите веднаш повикале брза помош, а таа рекла дека не зане каде е сега нејзиниот сопруг, а не ни сака да слушне од него.

„Најпрвин ги фрлил трите девојчиња, а потоа и момчето, јас веќе бев излезен надвор.Падна како вреќа.Плачеа сите четири деца“ раскажал подстанарот кој живеел на долниот спрат од куќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e