Шокантна вистина за родителите: Здравјето на децата во рацете на докторка со лажна диплома

Вишња Ѓумиќ од Вршац со години работела како лекар во оделот за педијатрија на Општата болница во тој град без диплома од Медицинскиот факултет.

Ѓумиќ билa вработенa како доктор по медицина во Службата за детска неонаталогија, а деца „лечела“ од декември 2015 година до 3 април 2018 година, најпрво како волонтер, а по завршувањето на стажирањето и како доктор по медицина. На почетокот на април, Антикорупцискиот тим на Министерството за здравство открило дека се работи за измамничка, пишува српски „Блиц“.

– Врз основа на фалсификување на докторската диплома, во март 2016 година Ѓумиќ потпишала договор за волонтерско стажирање, полагање на стручен испит за подготовка и обука за самостојна работа – стои во пријавата доставена од Министерството за здравство до Основното јавно обвинителство во Вршац, како што пренесува „Блиц“.

По потпишаниот договор за стручна обука, лажната докторка добила фалсификуван сертификат и потврда исто како да го положила стручниот испит за доктор по медицина пред Комисијата за здравство. Ова го правела свесно, фалсификувајќи ги фактите пред раководството на болницата. Како последица на измамата што ја користела, менаџментот со Ѓумиќ потпишал два договора – за работа на определено време на 1 февруари 2017 година и за неопределено време на 14 јули 2017 година.

Измамата била откриена кога Општата болница во Вршац во февруари годинава поднела барање до Министерството за одобрение на специјализација по педијатрија за д-р Вишња Ѓумиќ, во согласност со планот за специјализација за 2018 година и приложена целокупна документација на барањето, пишува „Блиц“.

Вработените во Антикорупцискиот тим на Министерството за здравство се посомневале во документацијата, а по проверката било утврдено дека лажната докторка не доставила барање до Министерство за полагање на стручниот испит и со тоа излегло дека воопшто не ни полагала. Понатаму било утврдено дека Министерството не издало потврда за положен стручен испит за докторката Вишња Ѓумиќ, туку на името Мирјана Томиќ од Нови Сад. Уверението за поднесеното барање за полагање на стручниот испит исто така не било издадено на име на лажен доктор, туку на име на Милица Белич од Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e