На младата девојка од Австралија која само што наполнила 17 години, некој ѝ ги украл фотографиите од Фејсбук и ги искористил за да ги објави на порнографски страници ширум интернетот. Таа тоа не би го ни дознала ако случајно не ја изгуглала својата фотографија и не видела на какви сè сајтови се појавила.
Личноста која ги украла фотографиите само го исекла нејзиното лице и го „залепила“ на лицата од порно актерки, особено на актерки со големи гради.
Некои од фотографиите се појавувале дури и на Фејсбук, а тие стигнале и до личности кои ја познаваат Ноел.
„На овој срамен начин можат да уништат нечиј живот“, вели Ноел која ги предупредува девојките добро да ги наместат ставките за приватност на своите профили и да внимаваат кого прифаќаат за пријател.
Порнографските форуми се преполни со фотографии украдени од социјалните мрежи, а загрижувачки голем број на случаи содржат фотографии од млади девојки кои дури не се ни полнолетни. Насилниците често ги користат овие фотографии за да ја уценуваат жртвата самостојно да им испраќа уште повеќе фотографии.
За поврзани вести продолжете надолу