Секс куклите виновни за изумирање на нацијата: Јапонците ги сакаат бидејќи со нив “не можат да згрешат”

Додека Јапонија се бори со се помала стапка на раѓање, некои научици како главни виновници за тоа ги навеле куклите за секс.

Се поголемата популарност на овие кукли, посебно меѓу младите самци, се одразува и на осаменоста која е се поприсутна во модерниот живот, правејќи ги луѓето помалку заинтересирани за меѓучовечки односи, врски и посебно создавање на семејства и потомство.

Поради сето тоа, тврдат научниците, Јапонците стануваат “загрозен вид”. Според достапните податоци, во Јапонија на годишно ниво се продаваат повеќе до 2.000 кукли кои изгледаат неверојатно реално, со подвижни прсти, глави и генеталии.
Еден од продавачите на овие кукли, Нобуру Танака, смета дека предноста во “инвестицијата” од речиси 4.000 долари се всушност малите очекувања.

“Тоа е неверојатно чувство.. Изгледа како кукла но имате чувство како да е навистина жива”, рекол тој и додал: “Кога водите љубов со својата жена, може да дојде до некои проблеми. Со кукла тоа воопшто не е важно”.

Научниците тврдат дека виделе докази за намалена стапка на наталитетот во подрачјата во кои расте популарноста на секс куклите.

Експертот за демографија при Истражувачкиот институт во Токио, Канако Амано, тврди дека овие кукли претставуваат егзистенцијална закана за иднината на земјите во кои се проценува дека бројот на жители во наредните 30 години ќе се намали за една третина.

“Намалувањето на стапката на наталитетот и популацијата слободно може да се нарече национална катастрофа. Јапонците се на раскрсница, им се заканува изумирање. Ние сме загрозен вид”, рекла таа.

Популарноста на секс куклите расте и меѓу постарата популација, па така по смртта на сопругата, осамениот Мору купил неколку кукли.

“Тие ја исполнија празнината во моето срце која настана. Бев страшно осамен, а кога ќе влезам во собата и гледам како седат на каучот, поинаку е. Се врзав за нив”, вели тој.

Тој редовно се среќава со својот пријател Керер, кој има дури 20 од овие силиконски “убавици” и заедно на прошетка ги водат своите интимни кукли. Понекогаш седат сите заедно на клупа во парк, се фотографираат и коментираат која како изгледа.

Да нема забуни, секс куклите се популарни и меѓу жените, посебно помладите. Една позната манекенка, популарна меѓу младите, изјавила дека го обожува својот силиконски Масиро, а како што вели, нема никаква желба да живее со маж.

“Масиро не е пријател, љубовник или член на семејството. Тој е некој што ја прифаќа мојата љубов. Никогаш не сум се чувствувала така со маж”, рекла таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e