Секој трет жител на Монако е милионер

Секој трет жител на Монако е милионер, а според истражувањето на The Guardian, жителите на Цирих се веднаш зад нив. Џенова се наоѓа на третото место, а Лондон е четврт.
Консалтинг компанијата WealthInsight, која го спровела истражувањето во партнерство со Spear’s Magazine, изјавила дека Даблин бил изненадување на листата и се нашол во првите топ 10, поразувајќи ги Париз, Берлин и Москва.

Инвестиционата банка Credit Suisse, во своето годишно истражување за глобалното богатство за минатата година, изјавиле дека нерамноправноста расте низ светот, а половина од богатството на планетата сега е во рацете на само 1% од населението.

Според истражувањето, средната класа е потисната на сметка на богатите. Истражувањето исто така открило дека за прв пат во Кина имало повеќе поединци во средната класа – 109 милиони.

На почетокот на 2015 година Oxfam предупредил дека 1% од светското население ќе има повеќе богатство од другите 99% до крајот на 2016 година.

Топ 20 градови во Европа рангирани според густината на милионерите:

Монако 31,1%

Цирих 24,3%

Женева 17.7%

Лондон 3.4%

Осло 2.9%

Франкфурт 2,7%

Амстердам 2,7%

Фиренца 2.5%

Рим 2,4%

Даблин 2,3%

Венеција 2.3%

Париз 2,0%

Брисел 1,9%

Хамбург 1,8%

Стокхолм 1,8%

Единбург 1,5%

Виена 1,5%

Берлин 1.2%

Москва 0,8%

Барселона 0,6%

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e