Се “згазиле” од смеење кога го виделе натрапникот

Замислете дека сте сами дома, и одеднаш почнувате да слушате чудни и сомнителни звуци низ куќата…

Токму тоа се случило со 18-годишното момче кое преплашено се јавило во полиција да пријави дека некој најверојатно е во неговиот дом. Но, кога пристигнала полицијата, наскоро сфатиле дека единствената опасност е “да умрат од смеење”!

Шерифот Спенсер Крам прв пристигнал на локацијата и тактички го распоредил својот тим. “Момчето што се јави беше преплашено, и рече дека дефинитивно има некој во куќата, а неговите кучиња лаат како полудени”, вели Крам.

Еден од полицајците случајно го насочил светлото кон покривот, а можете да го замислите нивното изненадување кога оттаму се појавила џиновската глава на едно збунето куче!

Имено, сопственикот на куќата толку се преплашил од звуците што доаѓале од таванот, што заборавил дека поседува џиновска дога која случајно залутала таму, и најверојатно барала начин да се симне.

Целата работа завршила со смеење, а ние мора да признаеме дека ова е еден од најслатките натрапници што сме ги сретнале. 🙂

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e