Работата како вулканизер се смета за една од потешките и повалканите работи, па младите од година во година го губат интересот за овој занает.
Сепак, дали ситуацијата би се променила доколку дознаете колку навистина заработуваат вулканизерите во Србија?
Вулканизаторот Бранко Стевановиќ, кој има сопствен дуќан во Раковица, за порталот Еспресо зборуваше за проблемот со кој се соочува последните години.
Како што вели, има работа, но нема кој да ја работи!
„Најголемиот проблем ни е што луѓето се помалку ги интересира оваа работа, никој нема да се јави на оглас за вработување каде платата е 1.000 евра.Размислуваме да ги зголемиме цените на услугите за да ги зголемиме платите и со тоа да привлечеме луѓе да работи“, вели Стевановиќ.
Инаку, платите на вулканизерите со искуство во вонсезона се движат од 90.000 до 120.000 српски динари, додека таа бројка во сезоната надминува 200.000 динари месечно.
Колку за потсетување, оваа работа можат да ја работат и граѓаните на Македонија со оглед на тоа дека со стапувањето на државата во Отворен Балкан визи за работа во Србија и Албанија не се потребни.