„Самсунг“ го запре производството на „Галакси Ноут 7“

Јужнокорејскиот гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти дека го запира производството на смартфонот „Галакси Ноут 7“, по големиот број случаи на експлодирање на овие уреди.

„Самсунг“ овој потег го навести на 2 септември, со замената на 500.000 уреди со нови, поради проблемите со акумулаторните батерии, коишто честопати експлодират сами од себе. Комисијата за безбедноста на потрошувачките производи во САД претходно официјално повика на прекин на употребата на овие смартфони, оти тие претставуваат опасност и издејствува повлекување на околу еден милион веќе продадени примероци во САД.

Откако и новите уреди се покажаа дефектни, се преоѓа кон целосно повлекување.

Според ТАСС, компанијата ја донела оваа одлука согласно препораките на здруженијата одговорни за сигурноста и заштитата на потрошувачите во Јужна Кореја, САД и Кина.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e