Родната куќа на Хилтер ќе се руши

Родната куќа на Адолф Хитлер во Браунау ќе биде срушена се со цел истата да не стане „неонацистичко светилиште“, објави денес австрискиот министер за внатрешни работи Соботка.

-Куќата на Хитлер ќе биде срушена. Може да останат темелите, но на нив ќе биде изградена нова зграда. Тој објект ќе биде користен за хуманитарни цели , но ќе го користат локалните власти, изјавил министерот.

Австриската влада кон половината на јули донела одлука за одземање на куќата на Хитлер од нејзината сопственичка. Владата го прифатила предлогот на Соботка куќата да се одземе од сопственичката со која не можело да се постигне договор.

Идејата на Соботка за рушење на куќата е поддржана од Еврејската заедница во Австрија.

Хилтер во оваа година поминал три години.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e