Со оглед на тоа дека во Јемен беснее крвава војна, очајни родители одлучуваат да ги омажат своите ќерки додека се деца, бидејќи веруваат дека тоа е единствениот начин другите роднини да ја преживеат гладта и разорувањето кое се случува на теренот, порачува организацијата Оксфам.
Хуманитарната катастрофа која е предизвикана од бруталната војна во Јемен, доведе до тоа некои родители да ги продадат своите ќерки, од кои некои имаат само три години, со надеж дека тоа ќе им го олесни животот на остатокот од фамилијата, пренесува меѓународната хуманитарна организација Оксфам.
Парите кои ги добиваат од продажба на своите деца ги користат да купат храна и да обезбедат засолниште.
“Тие сметаат дека тоа е единствениот начин да останат живи. Тие за своите деца добиваат пари, па веруваат дека тоа ќе го заштити целото семејство и останатите проширени членови на семејството”, рекол директорот на Оксфам, Мусин Сидики.
Околу 10 милиони луѓе се на работ на глад во Јемен, а четири години војната предизвикувала епидемија на колера во овој век.
“Ако наскоро не се обезбеди хуманитарна помош, а снабдувањето со храна е веќе нефункционално ќе настане уште поголема катастрофа”, нагласи Сидики.
Конфликтот во Јемен е влошен поради интервенцијата на Саудиска Арабија од 2015 година. Сето ова остави голема трага на локалното население, а околу 400.000 деца страдаат од глад, која им ги загрозува животите.