Врската на Доналд Трамп со неговата сопруга Меланија Трамп отсекогаш привлекуваше големо внимание кај јавноста. Бевме сведоци на разни ситуации, како кога таа не се смее кога ќе ја погледне или кога едноставно ќе го игнорира кога тој ќе ѝ пружи рака.
Но, сега после интервјуто со Сторми Даниелс, жената која адвокатот на Доналд Трамп ја плати 130.000 долар во замена за нејзиното молчење дека спиела со претседателот во 2006 година, на луѓето повторно им е интересна природната врска на Меланија и Доналд.
Многумина сега “копаат” по поранешни интервјуа, во потрага на нешто интересно, па така излезе овој вознемирувачки разговор од на радио, во период кога Трамп за прв пат беше кандидат за претседател. Во едно од нив водителот зборува со Трамп преку телефон и го замолува во разговорот да ја вклучи и неговата сопруга, која во тој момент била до него.
Водителот прво ја опсипува Меланија со бројни комплименти, а потоа ја прашува: “Што имаш моментално на себе?”.
“Не премногу работи”, одговара таа.
“Дали си гола”, продолжува тој.
“Речиси”, вели Меланија.
Тој потоа ја прашува дали секоја вечер оди во станот на Трамп за да имаат секс, на што одговара: “Да, уште почесто”.