Проверете што е подобро да имате, бел или црн автомобил?

Еден од најтоплите денови ова лето ни донесе „пријатни“ 37 степени под сенка. барем така велат метеоролозите. Тоа што сигурно нема да ви го кажат се температурите во вашитеавтомобили сосека се пржат на сончевиот паркинг.

Кој автомобил е со поголема температура – црн или бел. Општо познато е дека црната боја повеќе привлекува сончеви зраци од белата, но дека разликата во температура измерена на хаубата на црниот и белиот автомобил е толку голема тешко да се поверува, се додека ласерскиот термометар не ги покажа резултатите.

Хаубата на белиот автомобил покажала 36.9 степени, слично како и надворешната температура.

Доколку навитина мислевте дека вашата омилена боја на автомобилот е црна, треба да знаете дека грее дупло повеќе од белиот. Ласерскиот термометар покажал, за разлика од белиот, кај црниот измерил дупло повеќе – 72,6 степени целзиусови!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e