Принцот Хари сам го набрал секој цвет пред дворецот: Бидермаерот на Меган заврши на гроб, a еве што им подарија на гостите!

Букетот кој војвотката од Сасекс, Меган (36) го носеше во саботата на венчавката со принцот Хари (33), заврши на гроб!Сепак не станува збор за некоја бизарна идеја на поранешната актерка, туку за кралска традиција.

Традицијата, бидермаерот после кралската венчавка да се праќа на гробот на непознатиот јунак, го вовела уште кралицата Елизабета после својата венчавка 1947 со кралот Џорџ Шести, во спомен на нејзиниот брат Фергус кој починал во 1915 година во Првата Светска војна.

Гробот на непознатиот јунак познат е во целиот свет како симбол на жртвата и храброста на сите загинати војници од Првата Светска војна и наводно е единствен споменик, преку кој никој не поминал.

Инаку, цвеќето од кое е направен венчаниот букет наводно го избрал и набрал самиот принц Хари пред палатата Кенсингтон.

Принцот Хари и неговата избраничка Меган кои се венчаа викендов, на гостите им подариле вреќички со магнет од Велика Британија, ваучер со 20 посто попуст за продавница за сувенири и чоколадна паричка.

На свадбата ова го добија неколку поканети волонтери, а беше и 12-годишно девојче на кое ногата муе ампутирана од раѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e