Прекрасна девојка се предозирала со екстази: Умирала, а нејзината мајка ја фотографирала и пратила моќна порака до тинејџерите

Англичанката Шакира Пелоу се онесвестила во петокот навечер и починала следното утро откако наводно користела дрога – “дупло”.

Очајната мајка на 15-годишната девојка која умрела откако земала екстази, објавила фотографија од својата ќерка во нејзините последни моменти во болничкиот кревет за да ги предупреди останатите родители за опасноста на таа раширена дрога, пишува “Daily mail”.

Мајката Рита Хол и нејзиниот партнер Ли Бучер покрај објавената фотографија напишале:

“Ова е најужасната фотографија на светот и долго размислувавме дали да ја објавиме или не. Меѓутоа, сакаме на другите тинејџери и нивните родители да им покажеме што може да се случи од само една таблета. Нашата Шакира никогаш нема да се врати дома. Тоа беше нејзиниот живот и сега веќе го нема. Тоа лесно може да биде некој од вас. Таа дрога не е забава. Таа друга убива луѓе. Апелираме на сите кои имаат такви таблети да ја известат полицијата од кого ги купиле. Тоа не е поткажување, тоа е спасување на живот. Ако успееме да спасиме само еден живот, многу сме направиле”.

Освен Шакира, која била во најтешка состојба, во болница завршиле уште тројца тинејџери. Во меѓувреме бил уапсен еден 17-годишник поради сомнение дека продавал дрога.

Шакира Пелоу кобниот ден се нашла со пријателите во паркот во близина. Откако земала екстази, почнала да чувствува еуфорија, но набрзо и се слошило. По некое време била повикана итна помош, која онесвестената девојка ја однела во болница.

Но, потоа се појавиле уште некои шокантни детали поврзани со целиот случај. Имено, кога на девојчето му се слошило, нејзините пријатели не сакале да се јават во итна помош, па прво ја снимале со мобилен телефон. Кога виделе дека навистина и е лошо, ги побарале лекарите.

“Сите тројца тинејџери земале екстази во триаголен облик на кои имало знак “Дупло”, како детските играчки “Лего Дупло”. Неколку таблети успеавме да заплениме и да ја анализираме нивната содржина. Сакаме да ги предупредиме сите деца и родители на потенцијалната опасност”.

Кога била донесена во болница, срцето на Шакира два пати застанало, па морале да ја реанимираат. После тоа почнале да и откажуваат органите, па лекарите ја приклучиле на дијализа. Но, нејзиното младо тело не издржало и починала наредниот ден.

Семејството на Шакира е неутешно. Профилите на Фејсбук им се полни со зборови за посвета за изгубената ќерка.

“Толку млада душа. Многу те сакам, сестро моја мала. Секогаш ќе бидеш во моето срце. Беше премлада за да заминеш. Пред тебе беше среќен и долг живот. Почивај во мир, мој прекрасен ангелу”, напишала нејзината постара сестра Никита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e