Познатиот индиски астролог кој ја предвиде пандемијата на коронавирусот, сега има уште пострашно пророштво

Абигја Ананда, младиот индиски астролог кој го привлече светското внимание предвидувајќи ја пандемијата пред да започне, сега предупредува на глобален недостиг на храна. Според неговите прогнози, во следните 15 години, човештвото ќе се бори да обезбеди основни прехранбени производи.

Индискиот астролог Ананда предвидува дека светот ќе влезе во долгорочен циклус на големи промени почнувајќи од 2029 година, додека 2039 и 2040 година ги означува како период во кој храната ќе стане највредниот ресурс на планетата. Причината за оваа криза нема да бидат само климатските промени, туку и:

прекини во синџирот на снабдување,

војни и политички блокади,

загадување на почвата и водата,

прекумерна употреба на хемикалии во земјоделството,

намалување на плодноста на почвата и намалување на приносот.

Според неговото пророштво, цената на основните прехранбени производи како ориз, пченица, млеко и зеленчук би можела да се зголеми многукратно, а во некои региони светата храна би станала достапна само за малкумина привилегирани.

Ананда истакнува дека само заедниците кои се самоодржливи, поврзани со природата и способни сами да произведуваат храна можат да ги ублажат последиците од оваа криза. Неговите совети вклучуваат:

Садење сопствена храна, дури и на балкони или мали градини,

Зачувување на семе од стари сорти,

Враќање кон органско и традиционално земјоделство,

Намалување на зависноста од големите малопродажни синџири,

Учење на едноставен и скромен живот.

„Храната ќе стане новата валута. Луѓето кои можат да ја произведуваат ќе бидат богати, додека оние кои зависат од системот ќе бидат најранливи“, вели Ананда, објави српски Блиц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e