Просперитет, силна љубов и огромен финансиски прилив.. Реномираниот руски астролог Павел Глоба ова им го предвидува на хороскопските знаци кои, според него, ќе бидат најсреќни во 2023 година.
Според него, само на припадниците на три знаци во зодијакот следната година ќе им се исполни се’ што ќе си зацртат. Се разбира, в предвид се земаат оние реални желби и очекувања.
РАК
Ги очекува значителна животна промена. Среќата конечно ќе биде на нивна страна, па ќе постигнат многу со минимален труд и вложување. Ќе напредуваат на работното место, а некои претставници ќе имаат неверојатен успех со игрите на среќа. Максимално ќе бидат исполнети и на љубовен план.
ШКОРПИЈА
Нивното долгогодишно вложување во кариерата конечно ќе им се исплати. Ги чека големо унапредување или понуда за нова исклучително добра работна средина. Конечно ќе наидат на разбирање од партнерот, а некои претставници на знакот ќе се радуваат и на проширување на семејството.
БЛИЗНАЦИ
Павел Глоба предвидува најголема среќа токму за припадниците на овој хороскопски знак. Со леснотија ќе постигнат апсолутно се’ што ќе замислат. Ѕвездите ќе им бидат максимално наклонети, па многумина значително ќе си ја подобрат финансиската состојба. Ќе им цвета и на љубовен план.