Познатиот американски астрофизичар Нил ДеГрас Тајсон открива за магазинот Business Insider како според него, нашата планета Земја би можела да изгледа за 500 години.
„Ако светската популација продолжи да расте со исто темпо како сега, за 500 години на Земјата ќе има место за сите луѓе да застанат еден покрај друг. Тоа, очигледно не е онаа иднина која што сакаме да ја имаме, што значи дека ќе мора да ја колонизираме планетата Марс, или пак да научиме како да го контролираме растот на популацијата“, изјави Тајсон.

Тој исто така објасни дека во иднина би можело да се случи човештвото да започне да гради и да населува се повеќе масивни градежни конструкции, а некои од нив би можеле длабоко да навлегуваат под површината на Земјата.
„Доколку до тогаш не се случат некои важни промени и не сфатиме дека благодарение на технологијата, ние всушност имаме шанси за опстанок, нема да го доживееме тој ден“, предупредува научникот.
„На мојата смртна постела најмногу ќе жалам што не сум живеел подолго за да ги видам сите оние изуми кои што допрва ќе се појават. Го обожувам тоа што сега можам да експериментирам и да бидам дел од генијалноста на човековата раса“, порача американскиот астрофизичар.
