Постигнете визуелно покрупни очи со правилна шминка

Жените со ситни очи имаат проблеми кога треба да се нашминкаат, бидејќи пред се, имаат мала површина за работа. Некогаш и најмала грешка може да ги направи визуелно уште поситни или пак, да изгледа како да претерале со шминката.

Со помош на следниве совети, ќе постигнете вашите очи да изгледаат покрупно и повпечатливо:

Обликувајте ги веѓите – обликуваните веѓи придонесуваат окото да биде повпечатливо дури и без примена на шминка.

Изедначен тен – употребете коректор посветол една нијанса од пудрата, за да постигнете воедначена боја на кожата околу очите.

Добро мешајте ги сенките – важно е да не се забележува граница меѓу различните бои, односно правилно да бидат „претопени“.

Нанесете неколку слоја маскара – така вашите трепки ќе ја добијат потребната густина. Совет: Не ставајте маскара на долните трепки.

Светло моливче за очи – имајте при рака бело или друго светло моливче за очи, за да нанесете на линијата на долниот капак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e