Професорот од Флорида , Ајан Ајтес (48) си ја убил тригодишната ќерка , па си пресудил , а зад себе оставил страшна проштална порака.
,Не можам да замислам јас и Ела до крајот на животот да страдаме поради оваа глупост.” , напишал професорот од угледен универзитет на Флорида пред да си ја убие ќеркичката и да се самоубие. Злосторството се случило среде бракоразводна парница и борба за старателство.
Во писмото на седум страници, кое делумно го објави полицијата, професорот пишувал за разводот со сопругата Лорел Фридман (38). Откако со денови таткото не се јавувал на телефон, конечно сопругата повикала полиција и во куќата биле најдени телата на девојченцето и на таткото.
Во септември судот му дозволил на професорот да замине со девојчето во родната Турција , но не и да се насели таму за подолг период.
Сопругата се пожалила во судот дека Ајтес ментално пропаѓа, особено откако навел дека нејзиниот љубовник го допирал девојчето на непримерен начин.
По тоа судско рочиште не се виделе , а судот останал на ставот детето да и припадне на мајката, а Ајтес да го гледа повремено, што не можел да го преболи.