Македонската ракометна федерација (РФМ) доби казна од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради опремата на играчите, информираат од РФМ.
Од македонските играчи „под лупа“ биле: Дејан Манасков, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски и Филип Лазаров.
Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија.