Андријана Станковска можеби е една од многуте мејкап-артисти во Македонија, кои се талентирани за шминкање, но дефинитивно е една од ретките кои од своите талент и креативност умеат да создадат вистинска уметност.
Во краткото интервју за Локално.мк, Андријана ни открива што е најважно што треба еден мејкап-артист да го поседува, како успева да ги следи трендовите, но и притоа да ги адаптира на својот препознатлив стил, поради кој е и толку популарна.
Причина плус поради која ние обожаваме да ја следиме нејзината работа се и неверојатните трансформации кои ги прави, а ги објавува на својот профил на Инстаграм, BeautyAnica.
За последната трансформација, во познатиот лик Маска, Андријана ни откри дека долго време ја подготвувала, речиси две години, додека да ја доведе буквално до совршенство.
Резултатот може да се види на ова видео:
А што ни откри Андријана за шминката, техниките, талентот и креативноста, дознајте на објавата подолу:
Андријана – BeautyAnica: Најсреќна сум кога клиентите ми веруваат мене и на мојата креативност