Како спиете? Мирно или непрекинато? Или цела ноќ се вртите, будите и имате кошмари? Можеби вашиот партнер е виновен за тоа!
И тука не мислиме на неговото крчење, туку на некои нерешени работи.
Не е непознаница дека емоционалната состојба влијае на нашите соништа, а токму тоа е основата на која се направило испитувањето на 698 парови помеѓу 35 и 86 години.
Секој испитаник одговарал на прашања околу депресијата, анкциозноста и несоницата, но и за нивната љубовна врска. Се испоставило дека паровите кои одговарале позитивно за нивниот однос, немаат проблеми во врската, спиеле многу помирно и подобро.
Од друга страна пак, паровите кои имале некакви несогласувања имале проблем со несоница. Можеби мислите дека тоа е заради проблеми на работа, на факултет, меѓутоа науката утврдила дека ако заспиеме во прегратка на партнерот со кој се чувствуваме среќни, сигурни и заштитени, забораваме на целиот немир и проблеми. Барем до наредното утро.