Петгодишен навивач на Селтик се јавил во клубот да се извини што пропуштил натпревар

Петгодишниот навивач на Селтик Луи Кејс бил на роденден на другарче поради што го пропуштил натпревар на неговиот омилен клуб против Мадервел, па решил да се јави во клубот и да им се извини за отсуството.

Неговата мајка Лиса откри дека петгодишникот го зел нејзиниот телефон и се јавил во клубот во обид да стапи во контакт со тренерот Брендан Роџерс и неговиот омилен играч, капитенот Скот Браун, за лично да им се извини и да им објасни зошто не бил на „Селтик парк“ за дуелот со Мадервел.

– Сакаше да зборува со двајцата и да им каже зошто го пропуштил натпреварот во случај да го барале на трибините“, кажа мајката.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e