Се знае кои се големите потрошувачи на струја во куќите и становите. Сепак, има и уреди на кои не сметаме дека „голтаат“ струја, но најчесто тие се виновници за огромната сметка.
Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, веројатно не ви текнува на скромниот рутер за поврзување на Интернет. Но, ако го оставите цел ден, ќе потроши значително повеќе електрична енергија отколку што мислите. Затоа, пред да го купите, внимавајте на енергетската ефикасност на рутерот и погрижете се тој да троши што помалку енергија кога е вклучен и во режим на подготвеност, пишува „Н1 Словенија“.
Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) вели дека ова е особено важно ако рутерот не може да се исклучи бидејќи се користи и за телефонска линија.
Доколку е така, експертите советуваат да размислите да купите рутер кој ви овозможува да ја исклучите безжичната мрежа кога не ја користите.