Овие работи ги наследувате од мајките!

-Верувале или не, дали еден маж ќе оќелави многу зависи од гените што ќе ги наследи од мајка му.

Се знае дека мајките влијаат за многу работи кај децата – од самодоверба до однесување. Верувале или не, и начинот на кој старееме, па дури и ќелавоста кај мажите се последица од гените кои ги наследуваме од женскиот родител.

ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Едно големо истражување на шкотскиот Универзитет во Глазгов, во текот на кој испитале повеќе од 12.600 млади на возраст помеѓу 14 и 22 години, се утврдило дека факторите кои влијаат врз интелигенцијата, вклучително и социо-економскиот статус и образованието. Најголемо влијание имала мајката. Нивниот коефициент на интелигенција варирал просечно само за 15 бодови во однос на мајчиниот. Американските научници потврдиле дека во своето истражување жените почесто ги пренесуваат гените кои ја обликуваат детската интелигенција бидејќи ги пренесуваат Х хромозомите, кои жените ги имаат два, а мажите еден.

ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕ

Ако детето има проблеми со спиење, и за тоа можат „да ја обвинат“ мајката. Истражувањето објавено во списанието Sleep Medicine минатата година упатува на тоа дека мајките ги пренесуваат своите добри или лоши навики во спиењето врз децата и дека децата кои имаат проблеми со несоница одат подоцна на спиење и помалку се одмораат од своите врсници. Интересно е дека научниците не пронашле иста поврзаност со татковците.

СТАРЕЕЊЕ

Начинот на кој старееме исто така зависи од мајчините гени. Научниците од германскиот Институт Max Planck откриле дека ДНК од митохондриите кои ги наследуваме исклучително од мајката, може делумно да го контролира стареењето. Но, истражувањето е спроведено врз глувци, а не врз луѓе, па научниците истакнале дека за потврда на оваа теза се потребни понатамошни истражувања.

ВРЕМЕ НА НАСТАПУВАЊЕ НА МЕНОПАУЗА

И годините во кои жените минуваат низ менопауза може да биде фактор наследен од мајката. Истражувањето од 2011 година од британскиот Институт за истражување на ракот а спроведено врз повеќе од 2000 жени открива дека и прераната и закаснетата менопауза (пред 45. и после 55.година) се наследуваат од мајката.

Откриено е дека жените чии мајки и сестри рано или доцна ќе влезат во менопауза, имаат шест пати поголема шанса да им се случи исто и на нив. Меѓутоа, истражувачкиот тим нагласил дека не е важна само генетиката, бидејќи и стилот на живеење може да игра голема улога. На пример, жените кои пушат обично влегуваат во менопауза две години порано.

ЌЕЛАВОСТ КАЈ МАЖИТЕ

Дури и склоноста за ќелавеење кај мажите делумно може да потекнува од мајчината страна. Во овој случај имаат влијание и гените на таткото, но во поголем дел од случаите, проблемот се крие во Х хромозомите, а еден повеќе го носат жените. Синовите најчесто од мајката го наследуваат и далтонизмот, иако самите тие го немаат тоа пореметување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e