Познатите дами постојано се под притисок дека мора да изгледаат совршено и без никакви недостатоци.
Иако ангелите на Викторија се чини дека можат да и се заблагодарат на генетиката за нивната совршена линија сепак и тие се борат да бидат толку „совршени“.
Познатата манекенка Адријана Лима открива дека живее само на течности девет дена пред нејзината најзначајна годишна ревија и престанала да пие вода 12 часа пред шоуто, за да може да ја намали и тежината која ја добива од водата.
Мадона повремено е на „воздушна“ диета. Овој начин на “исхрана” се практикува со држење на храната во рацете, но не јаде.
Џенифер Анистон има навика да сго прескокне појадокот и наместо да ја јаде, гпие само сок од цеден портокал. Таа се колне дека тое е трик за витка линија. За инат на оние кои тврдат дека појадокот е главен оброк во текот на денот!
Пред снимањето на филмот Dreamgirls, Бијонсе мораше да изгуби тежина и започна со 14-дневна диета:
“Бев само на јаворов сируп, вода и лути пиперки. Секој ден бев се псоалба и послаба и луѓето ме прашуваа дали сум во ред – и верувајте ми, не бев, рече тогаш таа.
Ѕвездата на шоуто Jersey Shore, Снуки сфатила дека мора да оди на диета, па почна да ја практикува таканаречената “кекс-диета” на д-е Сигал. Се состои од еден оброк и шест бисквити како да го згаснате чувството на глад
Риз Витерспун е познат љубител на храна за бебиња! Нејзината исхрана подразбира конзумирање на бебешка храна наместо појадок и ручек, додека таа јаде нормален оброк во вечерните часови – за возрасни.
Меган Фокс еднаш рече дека единствениот начин да се задржи линијата е да се напие комбинација на јаболков оцет и вода пред секој оброк.
Додека ја снимаше Cold Mountain, Никол Кидман беше на диета со тврдо варени јајца. Оваа диета не е премногу комплицирана – и не е здрава. Во утринските часови таа јадеше едно варено јајце, а два до три вечерта.
Кејти Холмс еднаш одлучи да изгуби тежина со јадење супа од морков за појадок и за ручек и вечера – сурова брокула.
Ешли Грин случајно гладуваше за време на снимањето на Twilight таа работеше 12 часа на ден и немаше кога да јаде, па ја изгуби тежината за да биде непрепознатлива.