Жолтото злато повторно доминира во светот, и тоа буквално насекаде. Така, ако веќе постојат златни маски за лице, златна тоалетна хартија, па дури и пилули со злато за вашиот измет да светка (верувале или не, и ова постои), тогаш зошто да не и златна пица?
Браулио Бунеј, главниот шеф на ресторанот “Industry Kitchen”, го промовираше својот нов кулинарски деликатес, кој е наменет за ултра-богатите – пица која чини неверојатни 2.000 долари!
Пицата освен што содржи бело стилтон сирење увезено од Англија, тартуфи увезени од Франција и Осетра кавијар од Каспиското море, покриена е со листови од чисто злато увезени од Еквадор!
Сами направете ја математиката – златна пица од 2.000 долари поделена на осум парчиња – 250 долари за парче – 50 долари за еден залак!
Се надеваме дека барем е вкусна… 🙂