Ова се трите најголеми баксузи според хороскопот

Ова се трите најголеми баксузи според хороскопот, кои постојано се прашуваат што згрешиле за да имаат судбина:

Девица

Девиците многу добро знаат како да ги решат туѓите проблеми и да дадат добри совети, но не знаат како да си помогнат себе си.

Кога се нервозни, тие чистат, полираат, чистат, полираат… просторот каде што живеат е толку натрупан што гостите се чувствуваат малку непријатно. Имаат тенденција уредно да пакуваат сè, да етикетираат, да сортираат и кога нешто нема да им биде на место, веднаш ги фаќа паника.

Животот постојано непријатно ги изненадува. Штотуку средиле сè, а на тепихот веднаш се истурила чаша вино. Едноставно се „заглавени“ во нивниот емотивен компас, и само што ќе се случи нешто неочекувано, повторно се враќаат на почетокот, повторно преиспитуваат, именуваат… Целиот живот им посветен на тоа да исправаат некои неправилности, па често се прашуваат што по ѓаволите направиле за да имаат таква судбина.

Вага

Она што најмногу им пречи на Вагите е неправдата. Ја гледаат насекаде и често ја чувствуваат и на своја кожа. Постојано има нешто што им го нарушува мирот и среќата.

Тие се од оние луѓе кои прво лажат, па со денови мислат и мислат како поинаку би можеле да постапат и што би било кога би било… Сакаат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен, па знаците на стареење ги „вадат од кожа“. За нив тоа е една од најголемите неправди во животот.

Сакаат да „глумат“ детективи, да разоткриваат измами, демаскираат лажговци и измамници, единствениот проблем е што сè сфаќаат лично. За нив самото тоа што има лоши луѓе е лична навреда. Кога решаваат туѓи проблеми, ги доживуваат како свои. Тие се сметаат себеси за емпатични, но вистинското прашање е колку се способни да излезат од нивниот свет и да гледаат поинаку на работите.

Риби

Рибите се проклетство за себе. Имаат многу слаб допир со реалноста, па постојано им се случуваат непријатни ситуации. Реагираат бурно и неодговорно кон негативните животни околности.

Нивниот живот го имаат зацртано како треба да изгледа, и не само тоа, истото важи и за светот во кој функционираат. Реалноста постојано им се спротивставува, па најчесто се обидуваат да победат со „пијана“ состојба!

Кога ќе се соочат со проблем кој тешко се решава, секогаш се трудат насилно да го решат користејќи го она што најдобро го знаат и на кое е базиран нивниот свет каде владеат различните закони на физиката, математиката, духовноста… Ова е особено изразено кога се под дејство на алкохол или се понесени од емоции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e