Кога станува збор за менталната сила, некои луѓе се многу посилни од другите. Тие добро знаат што сакаат и без проблем носат одлуки.
Никој и ништо не може да ги поколеба во нивната решеност да го остварат она што го сакаат.
Во астрологијата, овие знаци се сметаат за ментално најсилни:
Шкорпија
Шкорпијата е психички најсилниот знак. Никој и ништо не може да ги замолчи кога имаат нешто да кажат. Ништо не може да ги заплаши, а кога се соочуваат со неволја, не дозволуваат тоа да ги извади од такт. Остануваат фокусирани на целта и успешно ги надминуваат сите препреки. Шкорпиите со својата ментална сила можат да поместуваат планини.
Јарец
Јарецот ја отелотворува моќта, најмногу благодарение на неговата огромна упорност и храброст. Овие луѓе не сакаат да ја следат толпата и никогаш не се откажуваат од целта. Тие секогаш го прават она што го сакаат и не се грижат што другите мислат за тоа. На крајот на денот, тие се големи поединци кои ништо не може да ги оттргне од зацртаниот пат.
Лав
Под малку површната надворешност на Лавот се крие многу одлучна и храбра личност. Лавовите се страсни и подготвени се храбро да се борат за целите кои им се блиску. Ќе направат се за да го добијат она што го замислиле, а предизвиците им се само дополнителна мотивација.
Бик
Бикот е еден од најтврдоглавите знаци на Зодијакот, па затоа не е чудно што се наоѓа на оваа листа. Овие упорни и решителни луѓе секогаш остануваат верни на себе и одбиваат да се откажат ако сметаат дека се во право. Покрај тоа, тие се прилично самоуверени, па критиките воопшто не ги засегаат.
