Можеби треба да сте милијардери за да живеете во некоја од нив, но никој не нѐ спречува да ги гледаме на фотографии и да мечтаеме за овие скапи домови ширум светот.
1. The Manor, Лос Анџелес – 200 милиони долари
Овој огромен имот, кој се простира на површина од 5.200 метри квадратни, носи помалку зачудувачко име – “The Manor”. Ако вилата ви изгледа како да е излезена од сериски филм, тогаш не сте многу далеку од вистината.
Куќата е изградена за кралот на сериите, Арон Спелинг и неговата сопруга Кенди. Внатре, меѓу другото, се наоѓа домашно кино, сала за куглање и гардеробер на два ката.
2. Њу Хемшир – 25.8 милиони долари
Иако изгледа како скромна вила во споредба со цената на претходната, сепак овој имот нуди две куќи со вкупно 12 спални соби, 26 купатила и огромна соба за забава.
Вилата се наоѓа на прекрасно езеро, а целосниот впечаток е надополнет со огромното лоби кое изгледа како да се наоѓа во хотел со пет ѕвезди.
3. Сужу, Кина – 154 милиони долари
Најскапиот имот во Кина не е прескап само поради тоа што располага со 36 спални соби и 36 купатила, туку и поради тоа што има извонредна локација на приватен остров на најголемото езеро во Кина.
Околината на вилата е подеднакво импресивна, а вклучува ботаничка градина, базен покрај езерото и неколку платформи со неверојатен поглед.
4. Маналапан, Флорида – 195 милиони долари
Имотот кој го поседува славната Глорија Гинис на Флорида, вклучува девет згради, две приватни игралишта за голф, тениско игралиште и приватна плажа. Најдоброто нешто на имотот сепак е ботаничката градина, прифатилиштето за птици и градината на пеперутките.
Главната куќа има 12 соби и декор кој вели “богат сум”, што значи дека има многу накит и ексклузивен мебел.
5. Сан Франциско – 28.5 милиони долари
Благодарение на парите во технологијата, сѐ е скапо во Сан Франциско. Особено, ако сакате да поседувате вила во италијански стил која се простира на 1.500 метри квадратни.
Вилата располага со седум спални соби, осум купатила и три помали тоалети.
6. Кетчум, Ајдахо – 15.95 милиони долари
Кога беше понуден на аукција во 2015 година овој имот беше проценет на 21,5 милиони долари, но сега е повторно понуден на продажба по значително пониска цена.
Вилата нуди 360 степени поглед на Сончевата долина, а располага со 11 спални соби, 14 купатила и сопствен бар (што е особено кул!).
7. Беверли Хилс – 149 милиони долари
Оригинално понуден за 195 милиони долари, овој супер луксузен имот е сѐ само не скромен. Претходен сопственик беше Мајк Тајсон, а внатре има дискотека, куглана, кино со 50 седишта, турска бања и центар за забава.
Можеби најубавата карактеристика на имотот е сопствената огромна винарска визба, каде сигурно не чуваат евтини вина.
8. Хилсборо Бич, Флорида – 139 милиони долари
Оваа луксузна вила во Мајами е инспирирана од палатата во Версај. Добро, плус домашно кино и огромен инфинити базен.
Иако сѐ уште се работи на деталите, сепак внатрешниот дизајн досега вклучува златни елементи и кристални лустери, а тука се и скалилата од мермер кои чинат неверојатни 2 милиони долари.
9. Гринвич, Конетикат – 65 милиони долари
Во 2015 година оваа вила беше најскапиот имот во Конетикат. Надворешниот изглед не е толку ексцентричен како некои од другите имоти на листава, но сигурно не е ништо помалку одвнатре.
Внатрешниот дизајн е направен според традиционалната култура, вклучувајќи седум спални соби и седум купатила каде доминира дрвената палета.
10. Њујорк – 27.5 милиони долари
Старите згради во Њујорк се навистина уникатни, а поранешниот дом на Рендолф Харст не е исклучок. Овој стар апартман на најгорниот кат има огромна тераса со бесценет поглед на Централ Парк.
Во Њујорк најчесто плаќате за локацијата, па домот има “скромни” четири спални соби и четири купатила, но сепак вклучува голем број на луксузни детали.
11. Монтесито, Калифорнија – 29.5 милиони долари
Ако сакате вили, тогаш оваа луксузна вила која претходно беше во сопственост на Џеф Бриџис е вистинскиот избор за вас.
Домот нуди беспрекорен дизајн и неверојатен поглед на Пацификот. Ако рајот постои, тогаш сигурно наликува барем малку на оваа вила.
12. Беверли Хилс – 70 милиони долари
Иако поголемиот дел од мутли-милионерските домови вклучуваат малку потрадиционален архитектонски стил, сепак и оваа модерна вила се избори за своето место на листава.
Оваа вила е за оние со малку поспецифичен вкус, а вклучува огромен бар во подрумот, гаража за 16 автомобили и соба со слатки.
13. Кан, Франција – 56 милиони долари
Оваа вила на француската ривиера нуди изненадувачки допир со холивудската историја. Овде се снимаше филмот на Хичкок “To Catch a Thief”, со Грејс Кели и Кери Грант. Иако во филмот вилата се вика “Sandford Villa”, оригиналното име е “Chateau de la Croix-des-Gardes”.
Ова е еден од најголемите имоти на француската ривиера, а за време на снимањето на филмот, актерката Грејс Кели се вљубила во оваа вила.
14. Лувесин, Франција – 300 милиони долари
Во 2015 година, оваа вила стана најскапо продадената вила во историјата, а иако изгледа како да стои тука со векови, всушност беше завршена во 2011 година.
Нема официјални фотографии од внатрешноста, но сигурни сме дека изгледа импресивно исто како и надворешните градини.