Особено во текот на зимата кога вашите алишта ги сушите во домот, многу од домаќинките се мачат со појавата на влага и мувла во домот. Овие две појави не се добри ниту по здравјето поради што мора да се санираат навреме.
Некои од собните растенија можат да ви бидат од голема помош поради тоа што ја впиваат влагата и ги апсорбираат токсините.
Многу од истражувањата покажале дека во просториите со растенија може да има од 40 до 60 отсто помалку мувла и разни бактерии.
Едно од најефикасните растенија кај овие проблеми е бршлен којшто не само што е корисен туку и многу убаво изгледа и што е најважно, лесно се одгледува.
Бршленот ја отстранува мувлата, а покрај тоа ги впива токсините како што се формалдехид и бензен.
Најдобро ќе расте на јака, но индиректна светлина, а му годи и влагата. Сепак, треба да знаете дека неговите лисја се отровни за домашните миленичиња поради тоа се препорачува да го чувате на издигнато место во вашиот дом за тие да не можат да го дофатат.