Ова е првиот југословенски хорор филм: “Кој го гледал на 7 години, не може да заспие до 25”

“Лептирица” (1973) е првиот југословенски хорор филм кој и денес се смета за еден од најдобрите филмови од овој жанр од поранешна Југославија.

“Лептирица” е снимен од страна на Ѓорѓе Кадијевиќ кон почетокот на 70-те години, за продукцијата на Радиотелевизија Београд, а набрзо бил прогласен за “најстрашен вампирски филм”. Наводно, кога за прв пат бил прикажан, маж од Македонија починал од страв, пишува “Slavorum“.

Со оглед на комунистичкиот режим, за режисерот на филмот тоа било тешко време бидејќи филмот бил окарактеризиран како “терористички”.

Дејството на филмот се случува кон средината на 19-ти век, во српското село Зарожје. Селото е на удар на вампирот Сава Савановиќ кој го убива секој кој ќе се приближи до воденицата во шумата, недалеку од селото. Селаните стануваат очајни со оглед на тоа што остануваат без храна бидејќи сите воденичари им се убиени. Истовремено, сиромашното момче Страхиња се вљубува во Радојка … целиот филм можете да го погледнете на снимката подолу.

“Кој го гледал “Лептирица” на 7 години, не можел да заспие до 25 (народна изрека)” е само еден од коментарите под видеото од филмот на Јутјуб.

Како што се наведува, филмот е полн со словенски фолклор, а иако на моменти е предвидлив, многумина го сметаат за ремек дело, а страшен е дури и за денешните стандарди за хорор филм.

Инаку, филмот е снимен според класичниот роман за вампири “По 90 години: Приказната за српскиот вампир Сава Савановиќ”, кој е напишан од страна на авторот Милован Глишиќ, 17 години пред излегувањето на “Дракула” од Брам Стокер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e