Ова е најлошата болест кај луѓето

Најлоша болест на Земјата е – незнаењето. Непознавањето на себе. Како и секоја друга болест, и таа има свои симптоми. Симптоми на незнаењето се – страст, бес, лакомост, гордост, илузија и завист. Повеќето луѓе во светот патат затоа што страдаат од овие симптоми. За да ја најде среќата, личноста треба својата свест да ја врати во природна состојба, а тоа е свест во која го сака Бог и сите живи суштества. Тоа може да се излечи природно со помош на светото име на Бог, и избегнување на активности кои протежираат незнаење.

Ако телото е болно, лекарот препишува лекови и го советува пациентот да се воздржи од работи кои може да ја влошат состојбата. Слично на тоа, лекови за болести на незнаењето се: 1. Дружење со свети лица 2. Сакање на Бог со правилно разбирање 3. Филозофско истражување за вистинската смисла на животот 4. Пеење (изговарање, медитација, молитва) на имиња на Бог И за да ситуацијата на болеста не се влоши, потребно да се дејствува со знаење, воздржувајки се од активности кои хранат со незнаење како – вклучувајки се во незаконски секс, коцкање, интоксикација и јадење месо.

Овие активности ги уништуваат добрите квалитети како што се – чистота, вистинитоста, самоконтролата и сочувство. Со нивното одрекување, лицето може да започне со лекување што е потребно за будење на изворната свест. Кога тоа се случи, можно да ја осознае вистината.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e