Како што открива “Wikileaks”, покојниот астронаут на американската вселенска агенција NASA, Др. Едгар Мичел, пратил мејл до Џон Подеста, шеф на кампањата на Хилари Клинтон и поранешен советник на американскиот претседател, во кое пишувал за вонземен живот и енергија на нулта точка. Мичел, кој починал во февруари на 85 години, бил познат по тоа што верувал во живот надвор од нашата планета, но документите кои неодамна ги обелоденил “Wikileaks” откриваат дека бил во контакт со високи службеници.
“Најтивко треба да договориме датум и време за обелоденување на вистината за вонземјаните и енергијата на нулта точка”, пишувал Мичел во првиот од двата мејла до Подеста. “Мојата католичка колешка Тери Менсфилд исто така ќе дојде за да не извести за најновите информации за сознанијата на Ватикан за вонземската интелигенција”.
Подеста и претходно зборувал за живот надвор од нашата Земја, при што фактот дека не обезбедил обелоденување на документите за НЛО го означил како свое најголемо промашување во 2014. година. Тој уште во јули 2008. година за Kerrang рекол дека владата долго време ја прикривала вистината за посетите на вонземјаните. Во август 2015. година, Мичел за Observer рекол дека посетителите во Розвел ги следат американските воени активности во ракетната база “White Sands”, пишува Inverse.
Во дописите, меѓутоа, тој изразува загриженост дека вонземјаните не сакаат да дојдат. “Со оглед на екстремното руско мешање во Украина, верувам дека мора да бараме друг пат кон мир во вселената и енергија на нулта точка на Земјата”, рекол Мичел.
Во другиот мејл, на 18. август 2015. година, предупредил од опасност од војната во вселената и влијанието кое таа би можела да го има на потенцијални вонземјени посетители, пренесува Yahoo.
“Запаметете, ненасилната вонземјанска интелигенција од соседниот универзум ни помага да ја донесеме енергијата на нулта точка на Земјата”, напишал тој. “Тие нема да толерираат било какви облици на воени насилство на Земјата и во вселената”.
За поврзани вести продолжете надолу