Откриено што предвидел Нострадамус за 2018 година!

Нострадамус е роден во 16. век, а како познат лекар и астролог уживал голем углед во општеството. Сепак, она по што бил најпознат е неговата наводна способност за предвидување на настаните.

Еден од неговите најверни почитувачи била Катарина де Медичи која, поради афинитетите кон окултното, го штитела од инквизицијата во периодот кога вештерство се казнувало со смрт.
Францускиот пророк наводно полнел сад со вода, која потоа долго ја набљудувал. Во тие моменти би се јавувале визиите за иднината.

Како што вековите поминале, така светот почнал да развива измешани чувства за овој пророк. Многумина Нострадамус го гледале како еден од најголемите измамници на сите времиња, додека други сметаат дека неговите пророштва не треба туку така да се земаат предвид, со оглед на тоа дека голем дел веќе се остварил.

Нострадамус предвидел неколку исклучително негативни настани за 2018 година, кои во целост би требало да ја изменат планетата онаква каква што денес ја знаеме.

Францускиот пророк видел дека светот ќе се соочи со промените меѓу нациите и дека ќе се случат неколку поголеми природни катастрофи кои ќе го потресат светот.

Па така, оваа година би требало да ја дочекаме ерупцијата на Везув, зад која ќе следува силен земјотрес, а овие два големи настани ќе ги однесат животите на 16.000 луѓе.

Пророкот предвидел и страшно силен земјотрес на западната територија на САД, чијшто бранови ќе се чувствуваат ширум светот.
Се чини дека Нострадамус беше свесен и за климатските промени, бидејќи тврдел дека „Краловите ќе ја ограбат шумата“ и „дека небото ќе се отвори, а полињата ќе изгорат од топлина“.

Познатиот пророк исто така тврдел дека во Франција на почетокот на 21. век ќе започне војна, која ќе се прошири на преостанатиот дел на Европа и ќе го вклучи „конфликтот на сите големи сили“. Тој тврдел и дека по немирниот период од 27 години (2025. година) пак ќе завладее мир, но дека „малкумина ќе можат да уживаат во него“.

Топ 10 пророштва на Нострадамус за кои се очекува да се случат во 2018 година:
10. Голема ерупција на планината Везув
9. Луѓето ќе разговараат со животните
8. Најмасовен земјотрес кој ќе ја погоди земјата
7. Економска репресија
6. Луѓето ќе живеат преку 200 години
5. Право на родителство
4. Глобално загревање
3. Јазичните разлики ќе исчезнат
2. Се ближи крај на данокот на Западот
1. Трета светска војна

Најпрецизните предвидувања на Нострадамус кои се оствариле досега се:
– Француската револуција
– Големиот пожар во Чикаго во 1871 година
– Откритијата на Луј Пастер
– Јакнењето на моќта на Адолф Хитлер во Германија во 30-тите години
– Слетувањето на Месечината
– Убиството на Џон Кенеди
– Создавањето на атомската бомба
– Терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година.
„Голем огнен земјотрес ќе го погоди Новиот Град. Све големи карпи долго ќе се борат, а потоа Аретуза (грчка нимфа) ќе ја обои реката во црвено. Никој нема да биде поштеден“, пишувал Нострадамус за падот на Кулите близначки.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e