Бранислав Матиќ и Драган Јериниќ се обвинети за киднапирање на Милослав Радисавлјевиќ, кои го врзале на бандера во нива и преку телефон барале откуп од семејството на Јелена.
Судот во Ваљево денеска донесе одлука за нив двајца. Бранислав Матиќ е осуден на 10 години затвор поради киднапирање, додека Драган Јериниќ е ослободен.
Да потсетиме, дедото на сопругата на тенисрот Новак Ѓоковиќ беше пронајден врзан во нива со пченка. Врзан со лисици за бетонска бандера од каде повикувал за помош. Тогаш случајно на тоа место поминувал директорот на Кумуналното претрпијатие Владимир Стајиќ , кој го слушнал викањето и отишол да му помогне.
Киднаперите барале 2 милиони евра за откуп, а идејата да се киднапира дедото на Јелена, Бранислав ја добил за време на издржувањето 5 години затворска казна поради разбојништво. Тој тогаш гледал емисија со Јелена, на која тааа зборувала за својот дедо, па тој одлучил да го киднапира и да бара откуп за него.