Спасувачите во јужноафриканскиот гад Дурбан успеаја да спасат новороденче од канализација по три часа акција.
Минувачи слушнале детски плач и ги контактирале надлежните служби. За да допрат до бебето, спасувачите го ископале подрачјето околу одводниот канал.
Болничарите веднаш го прегледале новороденчето и го однеле во болница.
Лекарите велат дека бебето доживеало блага хипотермија, губење на телесната тежина, а на себе имала неколку модрици и исеченици.
Полицијата покрена истрага за тоа кој би можел девојчето да го фрли во канализација и кои му се родителите.