Норвешка стана првата земја во светот која отворено е против уништувањето на шумите. Норвешкиот Парламент се обврза јавната политика да се залага шумите да не се сечат и уништуваат откако комитет на пратеници предложи донесување на закон за да се осигура дека државата нема да придонесе за уништување на дождовните шуми.
Норвешка во сите делови од светот финансира проекти за заштита на шумите и поддржува програми за заштита на човечките права на шумски заедници. Милс Херман Ранум, одговорен за политики и кампањи во фондацијата Rainforest Foundation Norway вели дека ова е многу битна победа во борбата да се заштитат дождовните шуми. Во текот на изминатите неколку години голем број компании се обврзаа да прават производи кои придонесуваат за зачувување на шумите.
Досега немало слични потези на некоја влада во светот, па токму затоа е многу позитивно норвешкото залагање со легислатива да се осигура дека со јавните државни набавки нема да се загрози ниедна шума. Фондацијата Rainforest Foundation Norway со години организира кампањи за владата на Норвешка да се обврзе да не ги уништува дождовните шуми.
Пратениците исто така повикаа владата да го штити биодиверзитетот така што ќе ја смени политиката и ќе инвестира преку Norges Bank Investment Management. Во 2014 година Норвешка поднесе заедничка декларација заедно со Обединетото Кралство и Обединетите нации да се промовира националната заложба која ги поддржува трговските синџири кои не придонесуваат за уништување на шумите, како и јавните набавки да се фокусираат на одржливи производи наместо да се набавува палмино масло, соја, говедско месо и градежно дрво. Производството на говедско месо, соја, палмино масло и дрвени производи во 7 земји со најмногу уништени шума е одговорно за 40% од вкупно уништените шуми во тропските предели и за 44% од емисијата на јаглерод диоксид во периодот од 2000 до 2011 година.
За поврзани вести продолжете надолу