Ниту смртта не ги раздвои: Маж почина по еден час откако дозна дека сопругата загинала, ова се неговите последни зборови

Откако му соопштиле дека жената со која бил 35 години во брак, загинала во сообраќајна несреќа, срцето на Американецот не издржало ниту едне час.

Рон Ниеми (59) и Барбара Батлер (64) починаа минатата недела во Мичиген во ист ден. „Не знам како децата ќе живеат без мајка“, беа последните зборови на Рон.

Зад нив останаа 9 деца и 25 внуци кои сега се соочуваат со загуба на блиските.

Барбара загина во сообраќајна несреќа на 10 јули, а Рон почина само 1 час подоцна додека децата ги известуваше за несреќата.

Неговиот син доживеал двоен шок, зошто откако таткото му соопштил дека мајката му загинала, му стигнал уште еден повик од сестрата Џес. „И одговорив дека знам за мама и дека сум на пат кога ми рече дека татко ми е одведен со амбулантно возило во болница откако паднал на под“.

Децата велат дека Барбара и Рона биле нераздвојни и вид на луѓе кои секогаш им помагаат на другите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e